Папата Франциск повика на заштита на цивилите и поголема хуманитарна помош за Газа

Папата Франциск на неделното обраќање до верниците - Фотографија ЕПА, Виченцо Ливиери

Папата Франциск повика на итно згрижување на повредените во Газа и заштита на цивилите, заедно со поголема хуманитарна помош и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Доста, доста браќа, доста, рече папата Франциск во неделното обраќање на плоштадот Свети Петар во Ватикан и додаде дека оружјето никогаш нема да донесе мир и дека конфликтот не смее да се прошири.

Израел денеска соопшти дека е подготвен да ги евакуира бебињата од најголемата болница во Газа, но палестинските власти рекоа дека луѓето сè уште се заробени внатре додека во близина се водат интензивни борби.

Многу малку помош пристигна во Газа откако Израел му објави војна на Хамас пред повеќе од еден месец, откако милитантите дивееја низ јужен Израел, кога според израелските власти се убиени околу 1.200 луѓе и околу 200 луѓе земени како заложници. Палестинските власти пак, завчера соопштија дека оттогаш во воздушни и артилериски напади биле убиени 11.078 жители на Газа, од кои околу 40 отсто деца.

Папата веќе повика на создавање хуманитарни коридори и рече дека е потребно решение со две држави за да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот