Папата Франциск ги повика земјите да стават крај на детскиот труд

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск денеска ги повика владите да се борат против детскиот труд, порачувајќи дека е ужасно што децата, кои треба да си играат, работат или собираат ѓубре на депониите за да продадат нешто, пренесува Ројтерс.

Папата во општа аудиенција рече дека во многу земји луѓето се експлоатирани како дел од сивата економија и дека работат без бенефиции и правна заштита.

„Да помислиме на жртвите на работа, на децата кои се принудени да работат. Тоа е страшно”, рече тој.

Меѓународната организација на трудот, агенција на ОН, во извештајот минатата година соопшти дека бројот на деца работници во светот се зголемил на околу 160 милиони во 2020 година.

„Децата кои се на возраст кога треба да си играат се принудени да работат како возрасни. Да се сетиме на тие деца, кутрите мали суштества кои копаат по депониите, барајќи нешто корисно за трговија или продажба”, рече Папата.

Тој додаде дека немањето работни места е „социјална неправда” и дека донациите и поддршката за невработените се важни, но тие не му даваат на човекот достоинство.

„Владите мора да им дадат можност на сите да заработат за живот, бидејќи тоа им дава достоинство”, рече папата Франциск.

Според Меѓународната организација на трудот, најмногу деца работници има во Африка, околу 72 милиони, од кои 43 отсто работат опасна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот