ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Цела болница во карантин поради британскиот тип на коронавирус

Германските здравствени власти ставија во карантин една берлинска болница откако 20 пациенти и членови на персоналот беа позитивни на новата, уште позаразна варијанта на коронавирус, откриен во Велика Британија и брзо се шири низ целиот свет.

Бројот на луѓе во болницата „Хумболт“ кои се заразиле од новиот вирус Б117 веројатно ќе се зголеми во наредните денови, изјави за Ројтерс портпарол на болницата.

Одлуката за карантин значи дека болницата „Хумболт“ во главниот град на Германија нема да прифаќа нови пациенти.

Во четвртокот, канцеларката Ангела Меркел ги повика Германците да престанат да се жалат на бавниот процес на вакцинирање против ковид-19 и ја бранеше одлуката за продолжување на блокадата колку што е потребно со цел да се запре поагресивната варијанта на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот