Паника ширум светот околу новиот корона вирус – засега нема заболени во земјите на ЕУ

Фото: Профимедиа

Светската здравствена организација засега не препорача рестрикции врз патувањата во Кина, но се советува да се ограничат контактите со одредени животни и да се консумира само добро пржено месо.

Земјите во Азија и другите делови на светот започнаа со ригорозни контроли на меѓународните аеродроми, железнички станици и автопатите.

Проверки се вршат под сомнение за пронаоѓање на лица кои имаат симптоми на новиот корона вирус, за кој се верува дека се шири во централна Кина, а кој зафати повеќе од 200 луѓе во таа земја.

Неодамнешната потврда дека болеста може да се пренесе од лице на лице ги зголеми стравувањата за болеста, бидејќи милиони Кинези патуваат за време на Лунарната нова година, пренесе АП.

Засега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот корона вирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.

– Во соработка со земјите членки од блиску ја следиме ситуацијата со неколку случаи на пневмонија, за сега потврдени случаи има во Кина, Тајланд, Јужна Кореја и Австралија, имаше состанок на 17 јануари 20 земјите членки на кој се разговараа можни мерки но Европската Комисија ќе организира уште еден состанок деновиве откако проценката за ризикот биде објавена, изјави портпаролот на ЕК задолжен за здравството.

Европската Комисија не одговори да има доверба во информациите кои и ги даваат кинеските власти, но рече дека состојбата се следи и преку други канали, не само официјалните кинески.

Светската здравствена организација засега не препорача рестрикции врз патувањата во Кина, но се советува да се ограничат контактите со одредени животни и да се консумира само добро пржено месо.

Речиси 300 лица се заразени од овој вирус од крајот на декември до денеска, од кои шест лица починаа. Најголемиот број заболени лица се наоѓаат во централна Кина, првото лице почина на 11 јануари.

Епицентарот на епидемијата е лоциран во пазар во градот Вуан специјализиран во морска храна и риби, голем број од заболените биле вработени на пазарот. Според медиумите, на пазарот се продавале и живи животни вклучително птици и змии.

Коронавирусот предизвикува пневмонија, односно акутно воспаление на белите дробови и може да биде смртоносен. Симптомите се голем умор, температура, кашлица, и болка во градите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот