Паника на летот на репрезентацијата на БиХ, секунда ги делела од трагедија

Босанскиот весник „Дневни Аваз“ открива дека на летот за Ерменија се одвивала вистиска драма која можела да заврши со трагедија. За време на летот, над Турција авионот имал турбуленции поради што пилотот морал да сврти во лево, а тој маневар предизвикал вистинска паника во авионот.

„ Играчите и навивачите кои до тој момент тоеја, веднаш седнаа на своите места. Изгледаа како натпреварувачи во боб“, напиша новинарот на „Дневни Аваз“, кој по летот разговарал со еден патник, поранешен пилот.

– Една секунда, или еден степен, недостасуваше авионот да се урне. Имам повеќе од 600 часа работено како пилот и тоа одговорно го тврдам. Никој не може да игра со човечките животи. Не се дозволени ненадејни вртења, овој можеше да биде фатален, изјави тој порачувајќи дека за оваа ситуација ќе ја извести Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот