„Пандевци” до втора победа во Бугарија

Фото: Академија Пандев

Екипата Академија Пандев дојде и до втората победа во подготовките за настапите на европската сцена. По претходната победа против Локомотив Пловдив од 1-0, овој пат „пандевци”, повторно во Банско, беа подобри од уште еден бугарски прволигаш, Берое славејќи со 2-0.

Но, триумфот мина во сенка на инцидентот и мачните сцени поврзани со стоперот Диме Димов. Во 17. минута од натпреварот, при еден судир со противничкиот фудбалер Ерол Алкан, Димов падна во бессознание притоа голтајќи го јазикот. Медицински лица од двата тима итно се впуштиле во акција поради критичната ситуација и со навремена интервенција на крајот успеаја да го спасат животот на дефанзивецот на Академија Пандев кој веднаш е префрлен во медицинскиот центар каде сега се наоѓа во стабилна состојба.

А, на самиот натпревар Академија Пандев далеку подобра од противникот. До водство македонскиот тим дојде со голот на капитенот Љупче Дориев во 24. минута, а конечните 2-0 ги постави Илиев во 82. минута.

Во квалификациите за Лига Европа, Академија Пандев свото европско деби ќе го има со тимот на Зрински од БиХ. По евентуалниот успех, тимот од Струмица ќе се сретне со холандскиот претставник на Утрехт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот