Пандев: Трагедија како во Кочани никогаш да не се повтори, никаде во светот
Во Варна вчера ветераните на Бугарија и Македонија одиграа натпревар во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, а средствата од средбата ќе се донираат на семејствата на настраданите.
Препорачано
За Македонија во овој натпревар настапи и Горан Пандев кој беше стрелец на еден од погодоците во победата на нашата селекција од 3-2. По натпреварот Пандев испрати и сочувство до настраданите и посака вакво нешто да не се повтори никаде во светот.
„Се заблагодарувам од наше име и името на цела Македонија, како и од претседателпот на Фуддбалската федерација на Македонија. Благодарни сме за прекрасната организација за нас беше чест да го одиграме овој натпревар со најдобрата генерација на бугарскиот фудбал и се надевам и дека во иднина ќе имаме вакви прилики и да ни бидат гости и во Македонија. Како што кажа Христо (Стоичков) децата не можеме да ги вратиме, беше голема трагедија, не само за Македонија, туку и за цела Европа, никогаш повеќе да не се случи. Со оваа иницијатива сакавме малку да помогнеме колку што можеме бидејќи спортот е најголем амбасадор на Европа. Одигравме добар натпревар, се забавуваме, игравме како браќа и навистина ни беше чест што сме тука“, изјави Пандев.
ВИДЕО | Фудбалските ветерани на Македонија и Бугарија одиграа хуманитарен натпревар за Кочани


