Пандев и Тричковски во стартниот состав против Летонија

Фото: ФФМ

Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги објави стартните 11 играчи на кои ќе смета за вечерашниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020 против селекцијата на Летониа на „Даугава“ стадионот во Рига (20.45 часот).

Во однос на дуелот со Израелците, овојпат еден од најискусните репрезентативци Горан Пандев ќе биде стартер, а шанса од првата минута ќе добие и голгетерот на кипарскиот клуб, АЕК Ларнака, Иван Тричковски.

На голманската позиција е Столе Димитриевски, следуваат Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, па во делот на нападот е Тричковски, а веднаш зад него Трајковски, Елмас и Пандев.

На резервната клупа се Илиев, Шишковски, Зајков, Ристевски, Радески, Стојановски, Дориев, Николов, Маркоски, Велкоски, Спировски и Несторовски.

Ова е шести евро квалификациски меч за „црвено-жолтите“ кои со евентуални три бода од денешното гостување повторно би биле во трка за втората позиција на табелата во групата Г која води на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот