Пандемијата на коронавирусот во фокус на денешното 73-то Генерално собрание на СЗО во Женева

Фото: Профимедиа

Во Женева денеска ќе се одржи 73-то Генерално собрание на Светската здравствена организација, а главна тема ќе биде пандемијата Ковид-19.

Поради пандемијата на коронавирусот Собранието ќе се одржи со скратена агенда и преку видео врска.

На седницата се очекува да биде усвоена резолуција, во која ќе се нагласи потребата од непристрасна, независна и сеопфатна проценка на меѓународната реакција на пандемијата.

Во новиот извештај на СЗО се вели, меѓу другото, дека од 2000 до 2016 година очелуваното траење на квалитететен, здрав живот бил глобално продолжен за осум проценти – од 59 на 63 години, но се забележува дека пандемијата на новиот коронавирус ќе го забави тој добар тренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот