Панама: Членовите на сектата кои убија шест деца и една трудница се осудени на по 50 години затвор

pixabay
Затвор / Фото: ЕПА

Панамски суд осуди членови на секта на по 50 години затвор за убиство на шест деца и една бремена жена во јануари 2020 година, како дел од ритуалот „демонски егзорцизам”.

– Судот изрече максимална казна од 50 години затвор за секој од седумтемина обвинети од сектата „Нова божја светлина”, се вели во соопштението.

Судот во Чангвинола во североисточна Панама ги прогласи за виновни членовите на сектата дека ги врзувале своите жртви, вклучително и шест деца и млади луѓе на возраст од една до 17 години, пред да ги претепаат до смрт со стапови, Библи ја и други предмети под изговор дека од нив „протеруваат демони”.

Трудницата, која насилно била одвлечена во објектот на сектата, била убиена пред очите на нејзините пет деца, кои потоа биле претепани до смрт заедно со уште едно малолетно лице.

Неколку очевидци, кои исто така биле повредени во ритуалот, успеале да избегаат и да пријават во полиција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот