Паметен шопинг: На кои работи треба да размислуваме кога купуваме на попуст

Пролетните колекции полека пристигнуваат, но сè уште се актуелни и попустите во продавниците за облека. Искористете ја можноста за паметен шопинг, но размислувајте и за овие работи.

Кој може да им одолее на попустите? Излозите на продавниците велат „повелете“, па зошто да не ја прифатиме поканата. Сепак, на кои работи треба најмногу да размислуваме при следниот шопинг?

Плати едно земи две, попусти на цени на производи, сезонски попусти… било каков формат на акција е поттик да се посетат трговските центри и продавниците. Сепак, паметното купување значи повеќе од шопингот.

Ова се четирите совети на кои треба да се посвети поголемо внимание:

Правило бр. 1 = Не го купувајте она што не ви се допаѓа

Ниската цена на некој производ може да ве залаже да купите парче облека која впрочем не ви се допаѓа, па нема ни да ја носите често.

Правило бр. 2 = Не го купувајте она што не можете да го комбинирате

Ви се допаднало трендовско здолниште и мислите дека супер ќе ви прилега. Но, размислете со што би го комбинирале од гардеробата која веќе ја имате. Да не испадне дека ќе треба да докупите и кошула и чевли во слична нијанса.

Правило бр. 3 = Не купувајте облеката која не е ваш број

Тамам ви се допаднала маичката, ама таа е само со конфекциски број М, а вам ви одговара на пример, големина L. И си помислувате, – па добро, еве го мотивот за слабеење. Најчесто се случува засекогаш да остане во гардероберот.

Правило бр. 4 = Не купувајте облека која, иако е на попуст, за вас е прескапа
Иако фустанот е на попуст, сепак вкупната сума е (пре)голема за вас и го оптоварува вашиот буџет. Размислете, на колку „рати“ подоцна ќе ја платите. Ве уверуваме дека веќе следниот месец, истиот производ кој со гордост го купивте и поносивте, ќе ви се одмили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот