Пале на слобода стравува за својот живот, колега на убиениот полицаец ѝ се заканува

Илоска на судењето кажа дека не се чувствува виновна.

Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас, откако сега ослободената Пале Илоска, која во самоодбрана го уби својот невенчан сопруг Александар (40) кој физички ја малтретирал со години, вчера во судница сведочеше дека колега на полицаецот сакал да ја одмазди неговата смрт.

Од Хелсиншкиот комитет до обвинителството апелираат со ваквото отворање постапка по допрен глас да превенираат понатамошно насилство врз една долгогодишна жртва која не добила заштита од институциите.

Хелсиншкиот комитет ја поздравува денешната одлука на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Илоска од обвинение за убиство во миг.

Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението поради историјата на насилство во овој случај. Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по сите пријави за семејно насилство грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството, велат оттаму.

Основниот суд Велес денеска ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Илоска која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски (40) од Велес.

На 29 септември лани, во куќата каде што таа живеела со Александар тој започнал кавга нарекувајќи ја со погрдни зборови. Влегла во собата за да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, силно ја фатил со рацете за вратот и ја давел. Таа го молела да ја пушти, а во еден момент дофатила нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.

ИНФОГРАФИК | ОJO бара велешанката Пале да одговара за убиство, иако била тепана од убиениот маж со кој живеела

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот