Пајак, групата Зијан и Слаткаристика ги обединија генерациите во МЕГА Шопинг Парк

Над 40.000 посетители во четирите дена од големото свечено отворање во Гевгелија

Со настапите на Пајак, групата Зијан и Слаткаристика, вчеравечер во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на МЕГА Шопинг Парк. Овој настан, кој понуди разновидна содржина за сите генерации, во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално беше заокружен почетокот со работа на овој проект.
Финалната вечер помина во знакот на различен музички сензибилитет, каде покрај изведбите на најистакнатите домашни артисти Пајак и Слаткаристика, посебен акцент беше ставен на локалните рок легенди, групата Зијан. Паралелно со вечерниот дел, во текот на денот се реализираше и богата содржина за најмладите во која учествуваа „Фамилија 5+“, „Патролни шепи“ и бројни професионални аниматори.
МЕГА Шопинг Парк се простира на површина од над 20.000 квадратни метри и опфаќа различни функционални зони, вклучувајќи Fashion сектор на 12.000 квадратни метри, Home Decor и DIY, како и Gourmet Avenue. Објектот е изграден според современите Smart & Eco стандарди, обезбедувајќи инфраструктура за поддршка на електрични возила и еколошка одржливост.
Реализацијата на овој проект претставува значаен придонес во развојот на Гевгелија, позиционирајќи го МЕГА Шопинг Парк како стратешка дестинација за пазарување и социјализација која ги обединува посетителите од целиот регион.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот