Пахор официјално го предложи Јанша за мандатар на новата словенечка влада

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша / Фото: МИА

Предлогот за мандатар е резултат на коалицијата која ја договори партијата на Јанша СДС (Словенечка демократска партија).

Претседателот на Словенија Борут Пахор го предложи Јанез Јанша за мандатар за состав на новата влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Предлогот за мандатар е резултат на коалицијата која ја договори партијата на Јанша СДС (Словенечка демократска партија).

– Очекувам новата влада да работи за доброто на Словенија и да ги почитува сите демократски принципи, изјави Пахор на заедничката прес-конференција со Јанша.

Претседателот на СДС кажа дека со коалициските партнери констатирале дека немаа цел мандат пред нив, па затоа треба да се посветат на решавање на клучните проблеми на државата, пред се за реформирање на здравствениот систем.

– Вчера потпишавме договор со четири партии кои се различни меѓу себе и сите имаат различни програми, но успеавме да го усогласиме патот по кој ќе се движи државата, изјави мандатарот Јанша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот