Озил ја обои косата поради загубен облог – Слободен печат
СпортФудбал

Озил ја обои косата поради загубен облог

Месут Озил на стартот од подготовките на Арсенал се појави со нов имиџ.

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил на првиот тренинг ги изненади соиграчите појавувајќи се со нов имиџ, со жолта коса.

Причината за промената на имиџот е загубен облог. Имено, Озил, Александре Лаказет, Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац се натпреваруваа во гаѓање на пречката. Лаказет излезе како победник, додека Озил кој беше последен мораше косата да ја обои жолта, Колашинац ја обои косата во зелена боја, додека Мустафи одлучи да не го менува имиџот.

– Имавме облог и Лаказет победи, а ние моравме да го смениме имиџот. Јас ја избрав плавата боја, Сеад се одлучи за зелена боја, додека Мустафи реши да не менува ништо. На соиграчите им се допаѓа мојот нов имиџ. Малку ми е необично бидејќи отсекогаш имав црна коса, меѓутоа сега ми се допаѓа но не знам дали и во иднина ќе ја задржам оваа боја на косата – изјави Озил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close