Овој министер има најголеми шанси да ја замени Меркел како нов канцелар
Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан чија популарност меѓу граѓаните порасна без разлика на пандемијата, ја разгледува можноста во септември да се бори за позицијата канцелар на Германија, наведува Билд, повикувајќи се на неименувани извори.
Во септември 2021 година во Германија ќе се одржат избори за Бундестагот. Познато е дека канцеларката Ангела Меркел нема да се кандидира за оваа функција.
Во јануари ќе биде одржан конгрес на германските конзервативци, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), на која ќе биде избран новиот лидер на партијата, кој исто така ќе стане кандидат за канцелар на Германија.
Министерот за здравство, според извештаите на Билд и Шпигл, последните недели активно разговара со претставниците на партијата за своите политички шанси.
Претходно Шпан ја поддржа кандидатурата на Армин Лашет за позицијата лидер на ЦДУ.
Сепак, според оценките на германските медиуми, иако министерот за здравство, Јенс Шпан не може повеќе да учествува во борбата за позицијата лидер на партијата, тој размислува за кандидатура на позицијата канцелар.
Претходно според анкетата на Билд и Кантар центарот, објавена кон крајот на декември, повеќе од 52 отсто од испитаниците одговориле дека би сакале Шпан да има најголемо можно влијание врз политиката во 2021 година.