Пендаровски: Им честитам на победниците

Прес-конференција на Стево Пендаровски/ Фото: Слободен печат/ Дејан Србиновски

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски го призна поразот на изборите и им честиташе на победниците.

– Сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири години. Мојот концепт за жал не доби поддршка, но јас сум убеден дека само таква Македонија може да биде напредна, рече Пендаровски на вечерашната прес-конференција.

Тој на граѓаните им се заблагодари за учеството во изборниот процес и додаде дека имало мали нерегуларности кои немале особено влијание и кажа дека резултатите се јасни и нема намера поделатно да ги образложува.

Пендаровски, говорејќи за денешното гласање реча дека нему совеста му е чиста но не е сиигурен дека им е чиста на оние кои спречиле стотици илајди гласачи да земат второ ливче на денешните избори.

Одговарајќи на новинарско прашање дали неговиот пораз се должи на политиките на СДСМ, образложи дека уште пред да се кандидира знаел дека СДСМ не е во онаа кондиција од пред 5-10 години, но анализите покажувале дека неговиот личен рејтинг е повисок од рејтингот на коалицијата предводена од СДСМ.

Пендаровски исто така кажа дека не ги добил гласовите и од албанската опозиција, бидејќи коалицијата, калкулирајќи дека ќе се најде во некаква коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, настапила слично како и гласачите на ДУИ.

Пендаровски потврди и дека од претседателската функција сега се враќа на старото работно место, на факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот