Овие „калорични“ јагленохидрати нема да ве здебелат, напротив

Јагленохидратите ги следи лош глас за најголеми непријатели на струкот. Но деталните истражувања покажуваат дека не сите јагленохидрати дебелеат. Па, доколку сте загрижени за добрата линија, проверете кои јагленохидрати нема да му наштетат на вашиот струк, напротив ќе помогнат во слабеењето и одржувањето на витката линија.

Интегрален леб

Има помеѓу 80 и 90 калории во кришка, два грама влакна и помалку од грам шеќер. Но тоа важи само за лебот кој целосно е направен од интегрално брашно, затоа убаво читајте ја декларацијата.

Грашок

Многу е корисен во исхраата, а половина шолја содржи 12 отсто од препорачаната дневна доза на цинк, кој е исклучително важен за чувството на ситост. Половина шолја варен грашок има 4,5 грама влакна, 12, 5 грама јаглени хидрати и 67 калории.

Пуканки

Ако ги подготвувате на врел воздух тогаш се најздрави. Три шолји пуканки имаат 93 калории, 3,5 грама влакна и 19 грама јагленохидрати.

Инегрални тестенини

Содржат до 200 калории во порција, а во 28 грама има 5 грама влакна и мал процент на јагленохидрати и шеќери. Но исто како и кај лебот мора да бидат направени од 100 отсто интегрално брашно.

Грав

Исклучително е здрав и обидетете се почесто да го имате на менито, во комбинација со алги или ловор нема да чувствувате надуеност, а вашето тело ќе се обезбеди со низа корисни нутриенти. Гравот е одличен извор на железо и протеини. Половина шолја од конзерва поседува 109 калории, 8 грама влакна и 20 грама јагленохидрати.

Овесна каша

Храната на нашите баби и дедовци која гарантира ситост. Пола шолја има 153 калории, 4 грама влакна и 27 грама јагленохидрати. Овесот е клучен во борбата против маснотиите кои се наталожуваат околу органите и на стомакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот