Овие фактори откриваат дали сте за брак или не? – Слободен печат
ЕспресоСекс

Овие фактори откриваат дали сте за брак или не?

Прво и најважно е сами на себе да си го поставите прашањето дали сакате воопшто да бидете во брак или не!

Дали некогаш сте слушнале дека често меѓу народот се говори „не се сите луѓе за брак“?

По се изгледа дека тоа навистина е така.

Имено, истражувањето објавено во магазинот „Social Science Research“ покажа дека веројатноста за брак со поединец зависи од три фактори: физичката привлечност, карактерната привлечност и личната нега.

Вкупниот резултат добиен од истражувањето кое се темели на овие три карактеристики ќе покаже дали набрзо ќе се најдете пред олтар или не. Истражувањето опфати дури девет илјади испитаници, а научниците испитаниците ги оценувале со оценки од еден до пет.

Ниту малку изненадувачки, но колку оценката била поголема, толку поголема била и веројатноста дека личноста ќе се омажи или ожени. Иако се важни сите три наведени карактеристики, истражувањето покажа дека тие сепак можат меѓусебно да се надополуваат.

На пример, не многу добриот физички изглед може да се надополни со високиот степен на интелигенција и духовитост.

Но сепак, и покрај сите истражувања, најважно е сами на себе да си го поставите прашањето дали сакате воопшто да бидете во брак или не.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close