Овие балкански филмови имаат поексплицитни 18+ сцени од контроверзниот хит на Нетфликс „365 дена“ (18+ФОТО+ВИДЕО)

Instagram

Филмовите како што се „Педесет нијанси сива“ и „365 дена“, се преполни со еротски сцени, поради што достигнаа голема популарност. Двата филма беа причина за многу полемики, а последниот ваков скандал беше кога пејачката Дафи, која призна дека била киднапирана и силувана, го прозва Нетфликс поради емитувањето на филмот „365 дена“ и побара негово отстранување и забрана.

Сепак, некои филмови од балканската кинематографија содржат повеќе секс-сцени од овие наведени филмови. Иако биле снимени пред неколку децении кога сексот беше табу, тие беа многу попровокативни, пишува Noizz.rs.

Кога ќе бидам мртов и бел (1967)

Актерот Драган Николиќ сними неколку експлицитни сцени во овој филм со актерките Ружица Сокиќ и Дара Чалениќ. Ја играше улогата на неуспешниот пејач Џими Барка.

Драган Николиќ и Ружица Сокиќ/Instagram

 

Млад и здрав како роза (1971)

Овој филм е полн со секси сцени, а главната улога ја имаше Драган Јовановиќ, кој го играше ликот на Стеван Николиќ. Љубителите на голи дами сигурно ќе уживаат во овој филм затоа што се појавуваат скоро во секоја втора сцена.

WR Мистерии на организмот (1971)

Пенис во ерекција е во крупен кадар на овој филм. Главниот лик е комунистката Милена која се обидува да ја прошири својата идеја за револуција која истовремено би требала да биде и класна и сексуална.

IMDB

 

Уна (1984)

Во овој филм, Раде Шерберџија глуми професор кој се заљубува во студентка, чиј лик го игра Соња Савиќ. Кога филмот за прв пат излезе и пристигна во кината, многу критичари рекоа дека филмот е прва верзија на „софт“ порно на нашите простори.

Убавината на пороците (1986)

Улогата на домаќинка во нудистичкиот камп добро ѝ одговараше на актерката Мира Фурлан, која се најде во многубројни секс-сцени, што не е ни изненадувачки затоа што местото на дејствување е токму – нудистички камп.

Lepota poroka, Foto: Screenshot, Youtube

Халоа, Празник на курвите (1988)

Главна актерка во овој филм е Неда Арнериќ, на која во Пула ѝ беше доделена наградата Златна арена за оваа улога. Како што може да се заклучи според насловот, филмот е полн со сцени со секс, поради што многумина решаваат да го гледаат повеќепати.

Византиско сино (1993)

Во овој филм, една од култните сцени е онаа во која Лазар Ристовски и Катарина Жутиќ целосно голи јаваат бик на плажата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот