Оваа жена била породена од КАМИОНЏИИ – Од една СТРАШНА причина морале да го ВРАТАТ бебето во стомакот (ВИДЕО)

Фред и Питер ги пиеле своите пијачки на шанкот, после долгиот ден на работа. Не се ни надевале дека низ вратата на локалното кафуле ќе влезе трудница во паника. Баш тоа и се случило, кога Кејси сфатила дека нема да дојде до болница на време, каде и возела откако и пукнал водењакот.

После тоа таа застанала на првото место на кое дошла, а тоа бил мал ресторан покрај улицата, кој често бил посетуван од професионални возачи на камиони.

– Бебето доаѓа. Ве молам, ми треба помош – било се што таа успеала да изговори пред шокираните камионџии и келнерки, пред да падне во несвест пред нив.

Луѓето викнале брза помош и пробувале да ја разбудат. Во меѓувреме, мајката на Кејси, исто така возач на камион, настојувала да дознае каде е таа. Не била во болницата, а единствено место на кое можела да побара помош бил тој локален ресторан, па се јавила таму.

– Ми рекоа дека веќе е таму и се породува. Сменив правец на камионот и тргнав назад. Бев под шок – рекла идната баба.

Фред и Питер ја имале брзата помош на телефонската линија. Успеале да ја разбудат Кејси и таа почнала да се породува. Меѓутоа, папочната врска се замотала околу вратот на бебето. Раѓањето се закомплицирало.

– Главата му се гледаше, а папочната врвца беше околу вратот. Немаше живот во детето, беше плаво во лицето. И кажав да престане да стиска бидејќи така ја притискаше врвцата – рекол Питер.

Од итна помош рекле дека морале детето да го бутнат назад за да го ослободат од папочната врвца.

– Јас навистина немам поим што да правам ако папочната врвца е околу вратот – признал Фред.

– Поминаа неколку моменти, а не слушнав никаков звук – уплашено кажала младата мајка, но Питер бил при себе.

Го штипнал бебето, му ги исчистил дишните патишта и бебето земало воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот