Ова се највлијателните инфлуенсери во светот според Форбс

инфлуенсери
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пари, слава и самодоверба – тоа е она што е потребно за да се квалификувате за рангирањето на „Форбс
за највлијателни луѓе на Интернет.

„За да го одвоиме житото од плевата во индустријата погодена од самопромоција и несакана спамови, го оценивме секој креатор во три категории: заработка, влијание и претприемништво. Податоците за заработката се за календарската 2021 година и проценките на Форбс“, пишуваат од Форбс.

За бројот на следбеници биле измерени сите платформи кои ги користат инфлуенсерите, а покрај следбениците бил измерен и ангажманот во форма на лајкови, споделувања и коментари. Во однос на претприемништвото, секој креатор бил рангиран помеѓу 1 и 3, а наградата била предвидена за луѓе кои основале свои компании, започнале инвестиции или на друг начин структурирале бизниси на креативни и профитабилни начини.

Ова се првите 5 највлијателни инфлуенсери денес според Форбс:

Џими Доналдсон или „MrBeast“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

Заработка во 2021 година: 54 милиони долари
Вкупни следбеници: 162 милиони
Оценка за претприемништво: 3

Бројните предизвици на социјалните мрежи на Џими Доналдсон му донеле годишен приход од 54 милиони долари. Како е да се биде жив закопан 50 дена или да се гладува 30 дена се само дел од лудорите кои му донесоа висока гледаност. Најголем дел од парите ги заработил од реклами на неговите видеа на „Youtube“. Неговиот концепт на ресторанот „MrBeast Burger“ придонесе за неговото влијание.

Чарли Д’Амелио

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charli (@charlidamelio)

Заработка во 2021 година: 17,5 милиони долари
Вкупни следбеници: 203,7 милиони
Оценка за претприемништво: 3

Чарли минатата година беше тиктокерка со најголема заработка, а таа има и свој бренд за облека, „Social Tourist“. Посветува голем дел од содржината на социјалните медиуми на промовирање на сопствените брендови и партнерства. Со своето семејство, таа ја основала „444 Capital“ – компанија со капитал од 25 милиони долари, за поддршка на стартапи. Исто така, емисијата за нејзиното семејство наречена „The D’Amelio Show“ се емитува на „Hulu“.

Александра Купер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Father Cooper (@alexandracooper)

Заработка во 2021 година: 20 милиони долари
Вкупни следбеници: 3,6 милиони
Оценка за претприемништво: 3

Приказната за секс ја направи поранешната фудбалерка Александра Купер мултимилионер. Таа го започна подкастот „Call Her Daddy“ со нејзината поранешна цимерка Софија Френклин. Тие потпишаа договор за продукција на подкаст со „Barstool Sports“, а откако се разделија во 2020 година, Купер потпиша договор од 60 милиони долари за да го донесе подкастот на „Spotify“.

Елиот Тебеле или „FuckJeryy“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elliot Tebele (@jewhead)

Заработка во 2021 година: 30 милиони долари
Вкупни следбеници: 20,1 милиони
Оценка за претприемништво: 3

Оригиналниот производител на мемиња за масовен пазар се прошири на игри, текила и телевизија за да остане релевантен бидејќи мемињата полека ја губат својата популарност. И тој не згреши. Минатата година овој деловен пресврт му донел заработка од повеќе од 20 милиони долари. Тој ја создаде и играта со карти „What Do You Meme“, која моментално е 17-та најпопуларна друштвена игра на „Amazon“.

Ема Чембрлен

 

View this post on Instagram

 

A post shared by emma chamberlain (@emmachamberlain)

Заработка во 2021 година: 12 милиони долари
Вкупни следбеници: 27,6 милиони
Оценка за претприемништво: 3

Ема е една од највлијателните личности на „Instagram“ особено кога станува збор за ангажирање на својата публика. Таа е позната по својот хумор, кој ѝ помогна да стане популарна влогерка. Таа е исто така основач на „Chamberlain Coffee“, врвен бренд за кафе и чај кој продава еден тон стока.

 

Овде можете да ја видите целата листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот