Ова се 5-те најчести лаги кои жените ги користат во кревет!

Фото: Unplash

Кога станува збор за сексот, тешко е да се биде потполно искрен. Можеби партнерот не ги исполнил сите ваши очекувања, можеби не сте доживеале оргазам.

Постои голем број на фактори кои можат сексуалниот однос да го претворат во вистинска катастрофа.

Познатата секс колумнистка Надиа Бокоди за време на својата кариера слушнала различни женски сексуални искуства, па за The Sun ги открила најчестите лаги со кои се служеле.

Глумат оргазам

Иако Надиа тврди дека поголемиот број жени барем еднаш во животот одглумиле оргазам, рекла дека се уште не може да најде маж кој ќе ја препознае таа глума.

„Иако глумата дека доживеале оргазам е ефикасна женска тактика за крај на лош секс, станува збор за лага која го шири „вирусот“ познат како „мажите мислат дека се најдобри во кревет“ ,истакнува Бокоди, па ги советува жените да престаната со глумата за да дојдат до својата цел, особено во долгите врски.

Се преправаат дека се неискусни

Оваа лага е слична на претходната и се служи за зголемување на егото на партнерот, особено кај оние кои тешко се сносат со фактот дека жената имала повеќе сексуално искуство.

„Доколку мислат дека немаме со кого да ги споредиме, се чувствуваат подобро“, објаснува таа.

Искрадување од кревет за да се тушираат

Многу жени стануваат од кревет како изговор дека треба да се истушираат или да ги измијат забите оној момент кога се блиску до врвот, но партнерот сепак не може да им го пружи тоа.

Со таа тактика се служат искусни жени за да имаат повеќе време сами за себе во тоалетот.

Имам ниско либидо

Иако со текот на времето може да дојде до промена на либидото, многу жени го користат овој изговор во врските кои ги исполнуваат или сексот им станал досадна рутина.

„Кога жената ќе му каже на сопругот дека либидото ѝ е ниско, таа најчесто сака простор и навистина не ѝ дошло до секс со него, туку знае дека до задоволството може полесно да дојде сама“, заклучила Надиа.

Чудесна величина на пенисот

Надиа вели дека е природно жената да го пофали својот партнер во кревет, но реченицата „ептен ти е голем“ е стара лага со која се служи.

Таа објасннува дека жените често ја користат оваа тактика кај мажите кои се оптеретени со големината на својот пенис, па им е потребен доказ за да се чувствуваат подобро.

„Станува збор за мажи кои се убедени дека од величината на пенисот зависи дали таа брзо ќе дојде до оргазам, така што не го знаат вистинскиот начин до женското задоволство, вели Надиа која и самата признала дека била зависник од секс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот