„Ова е тешка местенка, не знам што ми смислил Спасовски, може треба да барам азил во Белорусија“ – велел Палевски во Турција
На 3 декември минатата година во Баликесир првообвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо на Стефан Димковски, човекот кој го однесе во Турција му кажал дека „му го лепат“ случајот со исчезнувањето на девојчето.
Препорачано
На доручекот бил блед и му кажал на Димковски дека имало претрес во партијата, дека бараат возило. Размислувал да бара политички азил во Белорусија и рекол „Не знам што ми смислил Оливер Спасовски“.
Палчо должел 15 илјади евра и до денес не ги вратил, изјави сведок на судењето за Вања
Димковски му рекол дека треба да се врати и да расчисти со тоа. Но, тогаш Димковски не знаел дека Палевски е таргет, тоа го дознал отпосле кога тргнал да се враќа од Турција и преседнал по пат во хотел и тогаш почнале да му испраќаат линкови и изјави од тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тогаш паднал во несвест, му се јавил на Палевски кој му рекол „Ова е тешка местенка“.
Инаку, Палевски изнајмил куќа во Турција за три месеци.
Палевски на 1 декември го замолил Димковски, кој бил член на Десна, да го земе од Белград и да го врати во Скопје. Но, кога тргнале да се враќаат накај Скопје планот се променил и Палевски му кажал дека треба да застанат во Ниш да се види со некој човек.
-Кога се сместивме во хотелот во Ниш ми кажа дека треба да оди во Турција. Му стигнало потврда за прегледи за операција за кичмата – рече Димковски.
Па од Ниш тргнале накај Турција каде наводно Палевски требало да оди на операција во Истанбул, која долго време ја закажувал. Во Турција бил со Тучин познаник кој требало да му помага на Палевски за прегледите.
Судењето е во тек.


