Ова е причината зошто голем дел од познатите личности се заразени со коронавирусот!
Некој познати личности објавија дека се позитивни на коронавирусот во претходните 2 неделик. Карл Бергсторм, теоретичар и биолог на Универзитетот во Вашингтон објасни зошто јавните личности се позагрозени од останатите луѓе.
„Политичарите и познатите се во контакт со многу повеќе луѓе од нас. Тие спаѓаат во категорија на луѓе кои се многу ризични поради многубројните дневни средби. Многу повеќе патуваат и гледаат други луѓе, а сепак личностите со кои се во контакт се социјализирале со уште многу луѓе, што овозможува КОВИД19 да се шири“, објаснил Карл.
Како што пишува „Фест Компани“, веројатно има многу повеќе заразени познати личности, но не сакаат да зборуваат за тоа, бидејќи стравуваат за понатамошни понуди или страв од неуспех во својата работа поради здравствената состојба.
Актерот Идрис Елба кој е заразен со вирусот бурно реагираше на обвинувањата дека тоа го прави за да привлече внимание и дека е платен.
„Оваа идеја дека некој мик платил за да имам коронавирус е потполна глупост. Не можам да верувам дека постојат луѓе кои тоа го кажуваа како вест“, изјави Идрис.
Помеѓу останатите славни личности кои се позитивни на корона се Том Хенкс и неговата сопруга РФита Вилсон, Идрис Елба, Енди Коен, спортистите Руди Гоберт, Кристијан Вуд, Џејсон Колинс, политичарите и кралските членови принцот Чарлс, Алберт Втори од Монако, првата дама на Канада Софи Трудо.