Отворен прес-центарот на БТА во Скопје во присуство на Ковачевски и Петков

Ковачевски и Петков во прес центарот на БТА/Фото: МИА

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска по заедничката прес-конференција што ја одржаа во Владата, го посетија Националниот прес-клуб на бугарската новинска агенција БТА во Скопје, со што го означија почеток на работата на прес-центарот на БТА во Северна Македонија.

На средбата присустуваа и директорите на државните новински агенции на двете земји, МИА и БТА, Драган Антоновски и Кирил Влчев.

Ковачевски и Петков денеска договорија и одржување на меѓувладина седница на 25 јануари во Софија, за кога е планирано да биде отворен и прес-центарот на МИА во Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот