Отсега паметниот асистент „Alexa“ ќе биде посамостоен и со повеќе функции

Instagram

Од компанијата „Amazon“ велат дека отсега паметниот асистент „Alexa“ ќе има проактивни функции и ќе извршува многу повеќе задачи во домот, како што е исклучување на светлата и отсега ќе работи без прашања, само врз основа на навиките и честите барања на корисникот.

„Alexa“ од 2018 година може да ги „почувствува“ навиките на корисниците.

Сепак, пред новото ажурирање, „Alexa“ мораше да побара дозвола да направи нешто како намалување на поставената температура на термостатот пред спиење.

Instagram
Instagram

Иако се чини дека овие нови опции ќе можат да ја направат многу покорисна алатка, сепак, неопходна е строга контрола врз она на што овој паметен асистент ќе може автоматски да дејствува, велат од компанијата.

Врз основа на видеото, кое ги објаснува подобрувањата, би се рекло дека корисникот може да  избере кои задачи „Alexa“ ќе може да ги извршува самостојно.

Заедно со новите карактеристики на „Alexa“, „Amazon“ ја претстави својата услуга за претплата на „Guard Plus“.

Услугата му дава можност на корисникот да биде предупреден доколку „Alexa“ забележи одредени звуци во домот и нуди пристап до агенти кои можат да повикаат служби за итни случаи во нејзино име.

Регистрацијата за оваа услуга во апликацијата „Alexa“ ќе чини 4,99 американски долари месечно.

„Amazon“ нуди и табела за енергентска контрола во апликацијата, која може да следи и проценува колку енергија трошат уредите како на пример телевизор или бојлер заедно и индивидуално, без разлика дали е тоа во согласност со спецификациите на производителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот