Откриени детали за погребот на Тина Тарнер: Еве кој ќе може да присуствува на прошталната церемонија на „кралицата на рокенролот“

Смртта на музичката легенда Тина Тарнер растажи милиони луѓе ширум планетата. Не е прецизирано кога ќе се одржи погребот, но портпаролот нагласил:
„Ќе се одржи приватна служба, на која ќе присуствуваат блиските пријатели и семејството“, наведено е во соопштението, пренесува „Дејли мејл“.
Тина Тарнер почина по долго боледување, од природна смрт. Таа со години живееше со сопругот Ервин Бах во Швајцарија.
Пред две години таа и нејзиниот сопруг Ервин Бах купија имот за неверојатни 76 милиони долари со поглед на Циришкото езеро. Имотот во кантонот Цирих, на кој биле изградени 10 згради, бил оаза за музичката легенда и нејзиниот сопруг.
На имотот каде Тина Тарнер и нејзиниот сопруг поминале посебни моменти, се наоѓаат дури 10 згради и приватно езеро, како и базен и пристаниште за чамци. На тој имот починала „кралицата на рокенролот“, пишува „Дејли мејл“.
Тина и Ервин Бах морале да чекаат да добијат швајцарско државјанство за да купат недвижност во Швајцарија како што налагаат тамошните закони. Весниците во оваа земја пишуваа дека тениската ѕвезда Роџер Федерер планирал да го купи овој имот, а потоа избрал друга куќа, надвор од Цирих.
Тина Тарнер во емисијата на Лери Кинг своевремено откри дека одлуката да се пресели во Швајцарија ја донела поради успехот што го постигнала во Европа, како и поради фактот дека нејзиниот сопруг е од Германија.