Откриени детали за масакрот во Вирџинија

Колаж: СП.

Полицијата објави нови детали за менаџерот на маркетот Волмарт од Вирџинија кој синоќа уби шест лица. Станува збор за 31-годишниот Андре Бинг, а откриен е потенцијалниот мотив за злосторството.

Наводно, Бинг бил исмејуван од неговите колеги поради промена на работниот статус, се вели во полицискиот извештај објавен денеска и објавен од американските медиуми. Сведоците потврдија дека тој почнал да пука за време на состанокот на вработените во просторијата за одмор во филијалата Чесапик.

Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, Бинг веќе бил мртов. Полицијата верува дека тој се самоубил со истото оружје со кое пукал во своите колеги. Тој бил вработен како менаџер во ноќна смена, а работел во Волмарт од 2010 година.

Иако полицијата сè уште не го објави мотивот за ова злосторство, ТВ станицата „Вејви-ТВ“ објави дека инспекторите пронашле потенцијален мотив за убиството на мобилниот телефон на Бинг. Неименуван полициски извор рекол дека Бинг бил вознемирен поради неодамнешната промена во неговиот работен статус и дека колегите вработени го задевале за тоа. Засега сѐ уште не е јасно за каква промена на работниот статус се работи.

Бинг бил вооружен со еден пиштол, се вели во соопштението на полицијата. Тој бил облечен во цивилна облека и не носел никаков панцир или балистички елек. Инспекторите „активно работат за да дознаат повеќе за потеклото на осомничениот и можните мотиви за пукањето“, соопшти полицијата.

Тројца мртви, меѓу кои и Бинг, биле пронајдени во просторијата која вработените ја користеле за време на паузите. Една од жртвите била пронајдена мртва во близина на влезот на продавницата, а три други биле пренесени во локалните болници, каде што починале. Меѓу загинатите има и 16-годишно момче, но не се знае дали тој бил муштерија или вработен. Во престрелката се повредени уште најмалку шест лица. Полицијата верува дека имало околу 50 луѓе во продавницата кога се случило пукањето.

ВИДЕО: Нов масакр во САД, десетина мртви во пукање во Вирџинија

ВИДЕО| Андоновиќ: Епидемијата на убиства по случаен избор на улиците на САД продолжува

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот