ВИДЕО| Андоновиќ: Епидемијата на убиства по случаен избор на улиците на САД продолжува

Американска полиција
Фото: ЕПА

Вооружен маж уби најмалку 10 луѓе во супермаркет Волмарт во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти полицијата. Според првичните информации управителот на објектот отворил оган, а потоа се застрелал. Други извори пак тврдат дека напаѓачот бил поранешен вработен во маркетот Од полицијата потврдија дека меѓу загинатите е и напаѓачот, но се уште не се знае дали се самоубил или бил елиминиран од припадници на безбедносните служби. Мотивот за ова пукање не е познат.

Нападот започнал во 22:12 часот по локално време, а службите за итна помош и полицајците пристигнале на местото на настанот неколку минути подоцна.

Според медиумите, телото на едно лице било пронајдено пред објектот на Волмарт.
Полицијата според досегашните сознанија е сигурна дека напаѓачот делувал сам и дека не се работи за смислен теористички напад.

Најновиот напад се случува на само неколку дена откако маж отвори оган во ЛГБТ ноќен клуб во американската сојузна држава Колорадо, при што уби пет лица, а рани 17 други, по што напаѓаќот се самоубил Во масовно пукање во Волмарт во Ел Пасо, Тексас во 2019 година загинаа 23 лица.

Нападите во САД зачестија изминативе две години.Особено минатата кога во рок од три месеци се случија вкупно 12 напади на различни локации во САД. Ниту еден од нападите не еповрзан но сите содржат идентични елементи.
Без мотив напаѓачите во сите случаи пукаат врз неодедени цивилни цели и подоцна се самоубиваат. Полицијата во ниту еден од овие случаи не ги утврдува причините.

Како главни предизвикувачи на овие инциденти се смета традицијата и можноста граѓаните на САД без речиси никакакви тешкотии да се стекнат со огнено оружје. Законите во САД дозволуваат секој кој сака да може да купи оружје, дури и автоматско без било каква дозвола или контрола од властите.

Администрацијата на американскиот претседател Бајден на неколку пати досега се обиде да воведе закони за контрола и критериум за купување на огнено оружје, но без успех. Самиот Бајден апелираше да се воведат законите за контрола на купувањето на огнено оружје, што се посочува како главна причина за растечките вооружени напади. Но засега неколку сојузни држави меѓу се спротиставија на оваа иницијатива на Бајден посочувајќи дека носешето на лично вооружување е поради лична безбедност и пред се во традицијата на американците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот