Откриена причината за самоубиството на Стив Бинг: Чувствувал вина поради смртта на неговата девојка

Facebook

Милионерот Стив Бинг се самоуби скокајќи од 27. кат од зграда во Лос Анџелес, наводно по долг период на депресија.

Неговата соработничка Кери Мичам сега открива дека тоа го направил поради нејзината внука Алексана Мичам, која била правнука на славниот глумец Роберт Мичам, која починала минатата година, пренесуваат странските медиуми.

Кери Мичам, продуцентка од Санта Барбара, која со децении соработувала со Бинг, во пост на Инстаграм открила дека Бинг го извршил самоубиството четири дена пред годишнината од смртта на нејзината роднина Алексана, со која таа го запознала.

facebook

Иако скоро 30 години помлада од него, „Алексана го сакаше него и тој ја сакаше неа. Сакаше да основа семејство со неа“, напиша Кери на социјалните мрежи, а потоа објасни што се случило со Алексана.

Алексана и Стив имале расправија на 26 јуни минатата година, по што Алексана отишла кај нејзина пријателка. Бинг и се јавил и се смириле, но пред да се врати во нивниот дом на Палм Спрингс, Алексана се напила таблета Ксанакс за да се смири, не знаејќи дека ксанаксот бил со фенталин.

Тоа предизвикало Алексана да се предозира и и се слошило. Завршила во болница, каде што и починала.

Кери вели дека и пред карантинот поради коронавирусот, Бинг имал нарушено психичко здравје, бидејќи чувствувал вина поради смртта на Алексана.

facebook

Синот не го ни запозна, се бореше на децата да не им остави ниту цент: Холивудскиот продуцент Стив Бинг изврши самоубиство

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот