Откриена нова вакцина против туберкулоза

Фото: Профимедиа

Секоја година, 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза, во моментов водечка причина за смртни случаи од заразни болести, а овој тренд би можел да се промени дури и со делумно ефикасна вакцина, пишува Њујорк тајмс.

Новата експериментална вакцина заштити околу половина од луѓето што ја примиле, а може да означи пресвртница во борбата против туберкулозата, најсмртоносна заразна болест во светот, од која годишно умираат 1,6 милиони луѓе, објавија неодамна научниците.

Иако ефективноста на вакцината од 50 проценти е далеку од идеалното, сепак, тоа значи спасување милиони животи.

Кога се појавија прелиминарни резултати од ново испитување на вакцината пред една година, Светската здравствена организација оцени дека таа претставува „голем научен успех“.

Сепак, научниците посочуваат дека е неопходно да се тестира вакцината кај различно население.

– Вакцината е ветувачка и веројатно е подобра од вакцината BCG која е откриена пред сто години – рече Марио Равиjон, експерт за општо здравје на Универзитетот во Милано, кој 14 години ја водеше програмата на СЗО за глобална борба против туберкулозата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот