Откриен крадецот што „оперираше” низ Охрид

Како што информираат од МВР по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Арамијата, според полицијата, насилно влегувал во ресторани, маркети, бутици и други деловни објекти.

Охридската полиција успеа да го пронајде разбојникот кој изврши неколку провали во повеќе објекти во градот, поднесувајќи против него кривична пријава за извршени неколку дела „тешка кражба”.

Имено, полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.К. (45) од Охрид, заради постоење основано сомнение дека е сторител на вкупно шест казнени дела.

Осомничениот на 19. и 20. овој месец со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати и насилно влегувал во ресторани, маркети, бутици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски”, „Лазо Трпоски”, „Никола Карев”, „Јане Сандански” и булеварот „Туристичка”, во Охрид при што од објектите одземал пари со што се стекнал со противправна имотна корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот