Фото: МИА

Утрово немаше воз за Битола – се запалил или имало техничка грешка?

Вчеравечер избувнал пожар во возот број 641 кој сообраќал кон Куманово, а потоа требало да тргне кон Битола, поради што утринава и во текот на денот е откажана регуларната линија Скопје-Битола, неофицијално дознава „Слободен печат“.

Според распоредот, за Битола се предвидени три линии на ден, една рано наутро во 07:06 часот, која утринава не сообраќала, а поради пожарот и отсуството на алтернативно решение, можно да бидат откажани и денешните линии во 14:30 и 20:05.

Неофицијално, Македонски железници располага со уште еден воз кој би можел да влезе во „игра“ како алтернативно решение, но тој е расипан и нема стручни лица-мајстори кои би можеле да го вратат на железниците.

Од „Македонски железници“ за „Слободен печат“ не ја потврдуваат оваа информација и тврдат дека не се запалил воз, туку инцидентот бил предизвикан од прекин на струјата и искрење на тркалата.

-Ве информираме дека заради инцидентот кој се случи во Агино село поради искрење од тркалата, дојде до прекин на електрично напојување, немаше пожар и никој не е повреден. Заради тоа гарнитурата беше повлечена од сообраќај поради безбедносни причини.

Оттаму велат дека возот за Битола утринава не сообраќал поради технички причини, додека пак најавија дека нема да има промени во распоредот или откажување на ниту една од линиите.

-Возот за Битола не сообраќаше од технички причини а останати возови ке продолжат со сообраќај по Возен ред. Нема да има откажување на ниту една линија- брифираат од „Македонски железници“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот