Осуммина пратеници во украинскиот Парламент заразени со коронавирус

Во Украина се регистрирани 1.319 случаи на заразени со новиот вирус Ковид-19. 

Осуммина пратеници во украинскиот Парламент се заразени со коронавирус, изјави пратеникот Александар Качура.

Двајца од нив се излекувани.

Претходно, Врховната Рада го смени начинот на работа поради епидемијата. Пленарните седници беа откажани, но Парламентот неколку пати се состана на вонредни сесии за време на карантинскиот период, кој Украина го воведе на 17 март. Комисиите работат преку видео конференции.

Во Украина се регистрирани 1.319 случаи на заразени со новиот вирус Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот