Oсум бебиња починале од последици на задушување, компанијата повлекува три милиони перници од продажба

Фото: Инстаграм

Компанијата „Боупи“ повлекува од пазарот повеќе од три милиони перници за новороденчиња во облик на гнездо, откако производот е поврзан со осум смртни случаи на задушување на доенчиња.

Смртните случаи се случиле помеѓу декември 2015 и јуни 2020 година, објави во четвртокот американската Комисија за безбедност на потрошувачките производи.

Новороденчињата, наводно, се задушиле „откако биле положени на перницата на грб, на страна или на стомак, а биле пронајдени на страната или на стомакот“.

Од американскиот пазар се повлечени околу 3,3 милиони лежалки и уште 35.000 во Канада. Точниот производ за кој станува збор се три вида лежалки, односно перници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Boppy Company (@boppycompany)

„Разорени сме откако слушнавме за овие трагедии. Посветени сме на тоа да направиме сѐ што е можно за да ги заштитиме бебињата“, рекол портпаролот на компанијата и додал дека производот не бил пласиран како „производ за спиење за бебиња и дека вклучува предупредувања против ненадзорна употреба“.

Сите коишто имаат такви производи се повикуваат да престанат да ги користаат и да ја контактираат компанијата за враќање на парите.

Комисијата по овој случај предупредува дека најдобро место за спиење на бебето е цврстата рамна површина во детското креветче.

„Родителите никогаш не смеат да додаваат ќебиња, перници, да поставуваат огради на решетките на креветчето или да додаваат какви било други предмети, како што се играчки, во околината на доенчето. Бебињата секогаш треба да спијат на грб“, наведува Комисијата за безбедност на потрошувачките производи.

 

Видео на денот