Осудениот Азири за случајот Монструм се појави на телевизија: Не барам амнестија, само сакам правда

Фото: Алсат М

Фејзи Азири еден од осудените во случајот „Монструм“, се појави на телевизија Алсат . Тој во телевизиско интервју вели дека дека не сака амнестија туку правда.

“Не сум загрижен за законот за амнестија, ниту сум барал ниту ќе барам. Не барам амнестија, само сакам правда. Не ми е гајле за каков закон станува збор и кој го предложил.Не сум заинтересиран за амнестија”, рече Фејзи Азири, осуден во случајот Монструм.

Инаку Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура, соопшти денеска Министерството за правда.

Меѓу клучните новини содржани во овој Предлог-закон, како што информира Министерството за правда е прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски попладнево соопштија дека во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.

„Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда“, велат од Кабинетот на претседателот на државата.

Кабинет на претседателот: Се реализира заложбата на Пендаровски да се оневозможи правото на претседателот да помилува лица за кои нема правосилна пресуда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот