Правда го достави Предлог-законот за помилување во владина процедура

Министерство за правда / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура, соопшти денеска Министерството за правда.

Меѓу клучните новини содржани во овој Предлог-закон, како што информира Министерството за правда е прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.

Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

– Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување, каде се предвидени кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени, се вели во соопштението.

Од ресорното Министерството потсетуваат дека минатата година беше формирана работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела.

– При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи, стои во соопштението.

Причините за донесување на Законот за помилување, како што се наведува, пред се  произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон.

Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот