Острите предмети во домот, причина за присуство на негативна енергија

Доколку постојано имате чувство дека ве следи несреќа или пак дека сте вистински „баксуз“, обидете се со помош на фенг шуи да ја внесете среќата во вашиот дом.

За да го направите тоа, потребно ви е да го промените просторот во кој што живеете, односно, доволно е да поместите само неколку детали или предмети за среќата да се „вгнезди“ во вашиот дом.

Според многу верувања, постојат неколку предмети што носат несреќа во домот, но и многу што ќе ви донесат вистинска среќа. Ако сакате да живеете во дом без негативна енергија, водете се според следните совети и верувајте дека ќе ви се случи вистинска промена во животот, но се разбира на
подобро.

Обрнете вниманите на тоа каде ви е поставено огледалото во домот. Според многу верувања, огледалото може да ја привлече или пак да ја одбие позитивната енергија во вашиот дом. Се верува дека огледалото што е директно наместено да гледа кон креветот во кој спиете може да предизвика проблеми во љубовната врска, а огледалото кое е поставено да се гледате веднаш штом ќе влезете во домот од влезната врата, ќе ја „избрка“ среќата од вашиот дом.

И боите на вратите во домот, според фенг шуи многу влијаат на присуството на позитивна или пак негативна енергија во домот. Доколку вратите ви се обоени во темни бои, како што се црната или пак кафената, се верува дека тие ќе бидат причина за негативна атмосфера во домот. Ако вратите се светли, како бели или жолти, позитивната енергија нема да „сака“ да го напушти вашиот дом.

И кактусите се сметаат за растенија кои ја привлекуваат негативната енергија во домот поради многуте иглички што ги имаат. Освен кактуси, во домот треба да избегнувате да поставувате и предмети со остри рабови.

Обрнете внимание и на декорацијата во домот. Одбегнувајте да ставате слики на која што е отсликана несреќа, како на пример бродолом, невреме, тажни луѓе и слично.

Ваквите слики, секогаш кога ќе ги погледнете, кај вас можат да предизвикаат чувство на непријатност и истите можат да влијаат на вашето, но и на расположението па дури и на однесувањето на сите што живеат во домот.

Од друга страна пак, вашето расположение веднаш ќе се подобри доколку во вашата дневна соба секогаш имате поставено букет со свежо цвеќе. Верувајте, покрај убав букет, среќата никогаш нема да ве заобиколи.

Исто така многу важно е да внимавате на распоредот на мебелот во вашиот дом. Се верува дека кружно наредениот мебел помага во протокот на позитивната енергијата во домот. Исто така, се смета дека креветот кој е наместен дијагонално од вратата во спалната соба ќе го исполни домот со многу позитивна енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот