Основни разлики во симптомите на коронавирус, настинка и грип

Со оглед на бројните митови и дезинформации за коронавирусот што кружат по социјалните мрежи и медиумите, УНИЦЕФ потсетува дека симптомите на заразата може да вклучуваат и зголемена температура, треска, кашлица и краток здив. Во потешки случаи, инфекцијата може да предизвика воспаление на белите дробови или отежнато дишење.

Карактеризирањето на ковид-19 како пандемија не е показател дека вирусот стана посмртоносен. Тоа е само потврда за географското ширење на болеста, истакнуваат од УНИЦЕФ.

Во продолжение се прикажани основните разлики во симптомите на коронавирусот, настинката и грипот:

СИМПТОМИ            КОРОНАВИРУС       НАСТИНКА           ГРИП

Температура           Вообичаено               Ретко                    Вообичаено

Замор                      Понекогаш                 Понекогаш            Вообичаено

Кашлица                  Вообичаено              Умерено               Вообичаено

Болки                       Не                              Вообичаено           Не

Течење на нос        Ретко                         Вообичаено           Понекогаш
и затнат нос

Воспаление на        Понекогаш                Вообичаено           Понекогаш
грлото

Пролив                     Ретко                         Не                          Понекогаш кај децата

Главоболка              Понекогаш                Ретко                     Вообичаено

Отежнато                 Понекогаш                 Не                         Не
дишење

ДА ПОТСЕТИМЕ: Ракувањето се смета за близок контакт за ширење на болести кои се пренесуваат преку капки, па поради тоа се препорачува луѓето да не се ракуваат, бидејќи со тоа се намалува ризикот од потенцијален пренос на болестите што ги предивикува новиот коронавирус (ковид-19) и другите болести што се пренесуваат на тој начин.

Најефикасни заштитни мерки се добрата хигиена, особено миењето на рацете и држењето подалеку од заболените лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот