Осми пораз во низа за Лејкерс во дуелите со градскиот ривал

ЛА Лејкерс загуби во важниот меч против Феникс санс/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

ЛА Лејкерс бележи лош старт на сезона, откако загуби и на вториот дуел по стартот на НБА првенството, губејќи во натпреварот со ЛА Клиперс, со резултат 97-103.

Ова беше осми пораз во низа на лејкерс од градскиот ривал, дуел што го одбележа очајното шутерско издание на бековите на домашниот тим. Расел Вестбрук постигна само два поени со шут од поле 0/11, додека Вестбрук, Беверли и Нан заедно шутираа вкупно 1/25 од поле.

ЛА Клиперс имаше водство од 16 поени, лејкерс успеаја да се вратат, па дури и да поведат во последната четвртина, но гостите на крајот сепак успеаја да стигнат до победата. Голем „плус“ за ЛА клиперс е враќањето на Каваи Ленард, кој го одигра својот прв меч по 16 месеци пауза, реализирајќи 14 поени и 7 скокови. Џорџ и Вол со по 15 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека први стрелци на ЛА Лејкерс беа Вокер со 26, Дејвис со 25, додека Леброн Џејмс оствари дабл-дабл од 20 поени, 10 скокови и 6 асистенции.

Многу интересно беше во Филаделфија, каде домашниот тим се врати по водството од 13 поени на Милвоки, па со слободните фрлања на Такер поведе со 88-86 на 32 секунди до крајот. Сепак, големиот камбек падна во вода кога Метјус погоди тројка, по што Филаделфија не го искористи својот последен напад и овој меч го заврши со пораз.

Харден постигна 31 поен за домаќините, но и тоа беше недоволно за триумф, додека кај Милвоки вообичаено главна фигура беше Адетокумбо, реализирајќи 21 поен, 13 скокови и 8 асистенции.

Резултати НБА:

Филаделфија – Милвоки 88-90, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 97-103.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот