Османи и Димитров во Париз на разговори за евроинтеграцијата на земјата

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во работна посета на Француската Република.

За време на посетата, како што е најавено, ќе се разговара за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, како и за процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Османи и Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања ќе имаат средби со државниот секретар за европски прашања  во француското Министерство за надворешни работи Амели де Моншален, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Посетата се реализира по неодамнешната објава на Извештајот на Европската Комисија и препораката за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, а во пресрет на претстојниот состанок на Советот на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот