Осимен продаден за 120 милиони евра, сè уште не е познат клубот?

Виктор Осимен („Наполи“)/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Познатиот италијански новинар Карло Алвино пренесува дека трансферот на напаѓачот на Наполи е завршен, но не открива во кој клуб се преселил нигерискиот фудбалер.

Кога Виктор Осимен како дел од трансферот од Лил во Наполи имаше приложена откупна клаузула од 120 милиони евра, многумина мислеа дека италијанскиот шампион тешко ќе го продаде по таа цена.

Сепак, од Италија пристигнуваат вести дека нигерискиот репрезентативец е продаден и тоа токму за споменатата цифра. А тоа би бил рекорден трансфер на Наполи, поголем од продажбата на Единсон Кавани (потпишан за ПСЖ, надомест од 60 милиони евра) и Гонзало Игуаин (потпишан за Јувентус, надомест од 90 милиони евра).

Информациите велат дека клубот од Неапол веќе го продаде Осимен, но се чека официјална потврда на крајот на сезоната:

– Хипотезата дека никој нема да ја плати клаузулата не постои, Осимен веќе склучил договор со новиот клуб заедно со Де Лаурентис. Непримерно е да се открие името на новиот клуб, Осимен мора да игра добро за Наполи во следните девет натпревари, односно до крајот на сезоната – објави новинарот Алвино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот