Ормени: Во Албанија за пет дена регистрирани 1.300 земјотреси

Фото: ABCnews

Од утрото на 26 ноември кога во Албанија беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала до денеска регистрирани се 1.300 помали земјотреси во Драч и другите делови на земјата,изјави албанскиот сеизмолог Рапо Ормени.

Тој додаде дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија по главниот потрес.

– Луѓето треба да се навикнат на земјотреси затоа што не доживеале толку силен земјотрес, како оној што ја погоди земјата на 26 ноември, во последните 40 години, рече Ормени.

Според него треба да се земе предвид дека трите денешни попладневни потреси се со интензитет над пет степени според Рихтеровата скала, 25 над четири степени и 130 земјотреси над три степени регистрирани од апаратите, останатте се со јачина од три и под три степени.

– Нормално е енергијата да се ослободува од сеизмичката зона. Потребно е ослободување на енергија и потреси. Нема причина луѓето да паничат, изјави Ормени.

Тој посочи дека последователните земјотреси не предизвикале никаква штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот