Општинскиот кризен штаб Куманово бара дополнителен број епидемиолози

Општинскиот кризен штаб Куманово бара од Министерство за здравство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.

Од штабот ја задолжија општината да набави дополнителна заштитана опрема  (маски, очила, униформи), средсатва за дезинфекција и опрема за дезинфекција ( пумпи и возила). Маректите да воведат телефонска линија за испорака на прехранбени продукти и доставата да се врши согласно препораките за заштита. Одделението за уво, грло и нос ќе ги прима пациентите само со покачена температура.

По завршување на седницата на штабот, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски пред медиумите изјави дека од вчера до денеска има дополнителни два позитивни случаи, согласно информациите од Центарот за јавно здравје.

-Општината останува на своето барање Куманово да се прогласи за карантинска зона со контролиран влез и излез и дезинфекција на тие пунктови. Дополнително дадовме насоки за дополнителна деизнфекција каде што живеат сите позитивни на тестовите кои се излезени, изјави Димитриевски.

Тој повика на смиреност од граѓаните, да се сведе движењето на минимум, одредени граѓани, рече не го почитуваат тоа. Јавниот и меѓуградскиот превоз не фунцкионира. Димитриевски апелираше до Комисијата во соработка со Институтот за јавно здравје да обезбедат дополнителн број на стручни лица, епидемиолози, технички персонал да се засили кадровскиот потенцијал во Куманово и да се вршат поглем број на тестови за сомнителни случаи на заразени од вирусот.

Димитриевски апелираше до граѓаните кои се групираат во автомобили за патување вон општината да користат средства за деизнфекција, маски. Поголемите фирми имаат превоз, а општината ќе излезе во пресрет со сопствениот минибус Димитриевски пораба разбирање од работодавачите, доколку работниците од Куманово доцнат или отсуствуваат.

Опаѓа бројот на лицата во самоизолација, информираше кумановскиот градоначалник и вели дека е потребна дополнителна контрола. Тој рече дека се благодарни на сегашните мерки од Владата и општината ќе постапува. На подрачје на Куманово има 12 контролни пунктови за влез и излез, а режимот ќе го контролира МВР.  

Директорката на кумановската болница, Снежана Захариева рече дека засега имаат заштитини опрема, но и нагласи дека е потребна редовна испорака на маски, капи и заштитини средства. Дел од компаниите им дале заштитини маски кои се дезинфицираат и стерилизираат. Таа нагласи дека сè уште немаат добиено официјално известување од Министертвото за здравство за планот за работа на болницата, но дека очекуваат во текот на денешниот ден.

Одговарајќи на новинарско прашање дали во Инфективната клиника во Скопје е упатен пациент чиј што резултат бил негативен, Захариева истакна дека ситуацијата се менува од час во час.

-Во моментов додека зборуваме упатуваме пациент за кој вчера стигна резултат дека е негативен но клинички се влошува состојбата. Исто, така на скопските клини ќе бидат упатени двајца сопружници. Сопругата е позитивна, сопругот негативен, но биле  во иста соба, болеста почнала во исто време, ако денес бил негативен не значи дека утре, задутре ќе биде негативен и е пациент со ризик, изјави Захариева.

Таа истакна дека во болницата одмори нема, има лица кои имаат дијагноза, кои се самохрани родители, родители на малолетно дете.

-Двјаца доктори, две медицински сестри на скирнинг излегоа позитивни, иако немаа симпотматологија, добро е што сите ги тестиравме што имале допир со починатата пациентка, повтори Захариева.

Таа додаде дека има дефицитарен кадар, имало четворица инфектолози сега се тројца, а има испомош од двајца лекари и уште еден лекар кој со години дежура на одделот. Медицинските сестри се прераспредлуваат, согласно указот на Министерството.

Директорката Захариева повтори дека инфективиот оддел сега е оддел за изолација, а тријажата на пациенти за итни состојби останува во ургентниот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот