Општина Кисела Вода потпиша Договор за набавка на „кипер“ – Слободен печат
ВестиСкопје

Општина Кисела Вода потпиша Договор за набавка на „кипер“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски потпиша договор со Министерството за локална самоуправа за набавка на товарно возило „кипер” за потребите на општината.

Средствата за набавката ќе бидат обезебедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година и од буџетот на Општина Кисела Вода. Со ова, како што соопшти прес-службата на Општината, е остварена уште една од заложбите на градоначалникот Темелковски за подобрување на услугите за жителите.

На потпишувањето на договорот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close