Општина Ѓорче Петров го одбележа Денот на ослободувањето- 14 Ноември

Општина Ѓорче Петров денеска го одбележува ослободувањето на општината. Со положување свежо цвеќе, делегации од општината, им оддадоа почит на борците кои дале живот за слободно Ѓорче.

Градоначалникот Александар Наумоски на фејсбук објави:

„Слободата и државата никој не ни ја подари, сами ја извојувавме и создадовме. Затоа, единствени и сплотени да ја браниме и сочуваме.
Почит за сите загинати борци.
Мои сограѓани, нека ни е честит и вековит 14 ноември-Денот на ослободување на Ѓорче Петров!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот