Општина Центар затвори градилиште на Водно

Фото: Општина Центар

Општина Центар затвори градилиште на улица Христо Чернопеев бб на Водно.

– Постапувајќи по службена должност, овластен градежен инспектор на Општина Центар на инвеститорот на објектот му издаде решение за итен прекин на градежните активности и отстранување на градбата. Доколку инвеститорот во предвидениот рок не ја отстрани градбата, истото ќе го стори општината, со што трошоците за извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот – истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Меѓу другото, Герасимовски упати и апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да ги почитуваат издадените решенија за отстранување на објекти, затоа што како што истакна, во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранувањето, како што рече, ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот