Општина Аеродром: Граѓаните имаат законска обврска да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти

Фото: Општина Аеродром

Според членот 9 од Законот, одржувањето на јавната чистота во општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини го врши сопственикот на објектот.

Зимските служби на Општина Аеродром од рано утрово се на терен и го чистат снегот од улиците, тротоарите, велосипедските патеки и другите површини кои се под надлежност на Општина Аеродром, информираат од оваа скопска општина.

Уште при првите врнежи, веднаш на располагање беа ставени сопствените возила за чистење снег, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол кој се користи да се спречи појава на голомразица. Активиран е и кризен штаб со кој директно раководи градоначалникот Тимчо Муцунски – информираат од Општина Аеродром.

Од Општината ги потсетуваат и жителите и правните лица дека според Законот за јавна чистота имаат законска обврска да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.

Според членот 9 од Законот, одржувањето на јавната чистота во општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини го врши сопственикот на објектот. Општината се грижи за сите жители, пешаците, велосипедистите, како и за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови. Воедно ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за уште поголема безбедност на сите нас – велат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот