Опозицискиот лидер на Камбоџа осуден на 27 години затвор

Кем Сока/ Фото: TANG CHHIN Sothy / AFP / Profimedia

Судот во Камбоџа денеска го осуди лидерот на опозицијата Кем Сока на 27 години затвор.

Опозицискиот лидер, кој беше осуден за предавство во судскиот процес за кој групите за човекови права велат дека бил политички мотивиран, ги отфрли сите обвиненија.

„Кем Сока беше осуден на 27 години затвор за договарање со странци во Камбоџа и на други места“, рече судијата на судењето во Пном Пен.

Сока (69) беше уапсен во 2017 година под обвинение дека се обидел да ја собори владата на премиерот Хун Сен, кој е на власт од 1985 година.

Неговата партија, Партијата за национален спас на Камбоџа, која оттогаш беше распуштена, ги отфрли обвинувањата за предавство нарекувајќи ги како политички мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот